Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти

    30.10.2026 во 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:32

    Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа

    30.10.2026 во 09:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд

    Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд

    18.02.2026 во 17:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Универзитетите да отвораат студиски програми, факултети, насоки или специјализации според потребите на пазарот на труд, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Халил Слопче, кој на денешната собраниска седница праша зошто средношколци по завршувањето на образованието немаат можности да продолжат да студираат на мајчин јазик на акредитирани студии и дали има стратегија за обезбедување соодветен стручен кадар.

    Министерката Јаневска посочи дека новиот Закон за високо образование нуди можности и и тие треба да се искористат во рамки на автономијата на универзитетите.

    – Апелирам универзитетите да отвораат соодветни студиски програми, факултети, насоки или специјализации од кои државата има потреба. Затоа поддржете го Законот за високо образование, за вакви проблеми да не се случуваат во иднина. Универзитетот „Мајка Тереза“ постои 10 години, а Универзитетот во Тетово постои над 20 години. Тие можеле да одлучат да спроведат студиски програми соодветни на потребите на пазарот на труд. А, во однос на средствата вложени во високото образование, сакам да кажам дека државата вложува средства во универзитетите и очекуваме со новиот Закон и новиот начин на финансирање да има повеќе финансирање, одговори Јаневска и додаде дека со оглед на тоа што насекаде се случува во светот, мислам дека сме го фатиле трендот и мора да признаете дека со доаѓањето на оваа власт драстично е зголемен буџетот за образование, за разлика од претходните седум години кога можело повеќе да се инвестира во универзитетите.

    Одговарајќи на пратеничкото прашање од пратеникот Халил Снопче, министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека во иднина универзитетите низ студиските програми треба што повеќе да се поврзуваат со компаниите, тоа универзитетите не треба да го запоставуваат бидејќи е од корист на науката и стопанството, а ќе биде од корист на учениците, студентите и целото општество.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти

    30.10.2026 во 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив

    30.10.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.