Уставниот суд на Македонија денеска доби нов член. Со 63 гласа „за“, пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. Веднаш по гласањето, Наумовски пред законодавниот дом даде свечена изјава со која се обврза дека највисокиот правен акт во државата – Уставот, ќе го штити совесно и одговорно.
Иако за изборот имаше седум гласа „против“, мнозинството во Собранието даде зелено светло, со што продолжува процесот на пополнување на местата во Уставниот суд, институција која е клучна за правната сигурност на државата.

