Close Menu
Press24
    Најново

    Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската

    06.08.2026 во 18:30

    Без вода утре село Морани

    06.08.2026 во 18:27

    Ахмети се сретна со американската амбасадорка во земјава: САД е најважен стратешки партнер на Северна Македонија

    06.08.2026 во 18:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
    • Без вода утре село Морани
    • Ахмети се сретна со американската амбасадорка во земјава: САД е најважен стратешки партнер на Северна Македонија
    • Сончево и многу топло до 38 степени: Попладне можни локални врнежи и грмежи
    • Овие хороскопски знаци најтешко го контролираат темпераментот
    • Филипче за прифаќањето на Францускиот предлог од власта: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?
    • Бојковска: По три децении чекање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализира проектот за железничко поврзување со Бугарија
    • Пожар во стан во Гостивар: Повредени три лица меѓу кои двајца полицајци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осум децении новинарска традиција: ЗНАМ со поддршка за слободата на медиумите

    Осум децении новинарска традиција: ЗНАМ со поддршка за слободата на медиумите

    17.02.2026 во 20:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација од Движење ЗНАМ – за Наша Македонија присуствуваше на одбележувањето на 80 години од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија. Делегацијата беше предводена од генералниот секретар Горан Минчев, во придружба на претседавачот на Централниот одбор Игор Филков и членот на Извршниот одбор д-р Злате Мехмедовиќ.

    Со своето присуство, претставниците на Движењето ЗНАМ изразија почит кон долгогодишната и значајна улога што новинарската професија ја има во изградбата и развојот на демократските процеси во државата. Осумдецениското постоење на Здружението на новинарите на Македонија претставува сведоштво за континуитетот, професионалноста и посветеноста на медиумската заедница во афирмацијата на вистината, јавниот интерес и слободата на изразување.

    ЗНАМ ја нагласува својата принципиелна заложба за јакнење на демократските институции, владеењето на правото и создавање амбиент во кој новинарите ќе можат слободно, професионално и одговорно да ја извршуваат својата работа, без притисоци и ограничувања. Воедно, делегацијата упати честитки по повод значајниот јубилеј, со уверување дека партнерството меѓу политичките чинители и медиумската заедница мора да се темели на меѓусебна почит, транспарентност и отчетност во интерес на граѓаните и државата.

    Прочитај повеќе

    Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската

    06.08.2026 во 18:30

    Без вода утре село Морани

    06.08.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.