Close Menu
Press24
    Најново

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34

    Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите

    03.04.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува
    • Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Транспарентната и таргетирана државна помош е клуч за конкурентна економија

    Димитриеска-Кочоска: Транспарентната и таргетирана државна помош е клуч за конкурентна економија

    17.02.2026 во 13:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната помош мора да биде јасно насочена, економски оправдана и во функција на конкурентноста и одржливиот раст, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на регионалната панел дискусија на тема „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ„ кој се одржа во организација на „Фајнанс тинк“.

    Во своето обраќање, министерката нагласи дека секој денар од Буџетот мора да има економска оправданост и јасна развојна цел, додавајќи дека фискалната политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст – цели кои се меѓусебно поврзани.

    „Фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на средствата таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност. Во таа рамка, државната помош е инструмент кој мора да биде внимателно дизајниран, таргетиран и континуирано оценуван“, истакна министерката.

    Таа потенцираше дека државната помош не смее да претставува товар за јавните финансии, туку треба да биде инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра или околу 1,5% од БДП, додека во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП, што ја нагласува потребата од високо ниво на отчетност и транспарентност.

    Министерката посочи дека економските показатели потврдуваат позитивни ефекти од поддршката за инвестиции. Пет квартали по ред економијата бележи раст од околу и над 3%, при што во третиот квартал од 2025 година растот достигна 3,8%, додека бруто-инвестициите пораснаа за 30,6%, пред сѐ како резултат на зголемената активност на приватниот сектор.

    Воедно, Владата обезбеди 250 милиони евра поволни средства за поддршка на инвестициски проекти на компаниите, како и дополнителни 250 милиони евра за капитални проекти во општините, со цел поттикнување на економската активност и порамномерен регионален развој.

    Истакнувајќи дека важен аспект е транспарентноста министерката посочи дека Владата работи на воведување систем кој централизирано ќе ги евидентира сите трошоци што се доделуваат како државна помош.Таа појасни дека во моментов податоците за доделената државна помош се дисперзирани во повеќе институции и дека недостасува единствен централизиран систем кој што би овозможил подобра анализа, подобра координација меѓу институциите и поефикасно планирање на ресурсите.

    На конференцијата на која учествуваа повеќе од 40 претставници од институциите од земјите од Западен балкан се дискутираше колку земјите во регионот трошат на државна помош и кои се заедничките предизвици и регионалните пристапи за унапредување на транспарентноста и ефективноста во управувањето со државната помош.

    Популарно

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34

    Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите

    03.04.2026 во 22:21

    Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан

    03.04.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.