Дождливо утро во Македонија. УХМР соопштува дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а на повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според прогнозата на УХМР, во среда и четврток времето ќе биде стабилно. Во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

