Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите

    16.02.2026 во 13:43

    Манасиевски: Филипче е „заштитено лице“ на судството

    16.02.2026 во 13:29

    Македонската царина пуштена на најако: Запленети 200 килограми дрога, илјадници евра и лекови

    16.02.2026 во 13:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите
    • Манасиевски: Филипче е „заштитено лице“ на судството
    • Македонската царина пуштена на најако: Запленети 200 килограми дрога, илјадници евра и лекови
    • Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче
    • На трагедиите им нема крај: Почина едномесечно бебе од Тетово
    • Андоновски: Македонија прави системски чекори за употреба на ВИ во јавната администрација
    • Трипуновски најави нови правила за субвенциите: Пари ќе има само за тие што навистина произведуваат
    • Министерство за транспорт смирува: Не верувајте во шпекулации, се бара трајно решение со Брисел
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите

    Филипче: Власта сака контрола над Универзитетите

    16.02.2026 во 13:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование и потенцираше дека водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите.

    „Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди“, посочи Филипче.

    Во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата, со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот, односно кај владата, и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите.

    „Преку членовите слоеви од 198, 199 и 201, министерот станува најмоќна фигура во високото образование со можност да укинува одлуки на универзитетски органи. Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13, наместо да ја штити институционалната независност, отвора механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата“, рече Филипче.

    Тој дополнително предупреди дека доколку законот се поднесе во сегашната форма, тоа ќе значи сериозна ерозија на автономијата и ќе предизвика партиска контрола на универзитетите:

    „Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот да може да се развива научно-истражувачката работа, па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови. Доколку се поднесува во оваа форма во Собранието, ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор и да се слушне нивниот глас, за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира“, појасни претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Популарно

    Брисел ги одби превозниците од Балканот: Се најавуваат блокади на границите и пристаништата

    16.02.2026 во 09:36

    Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Загина 25-годишен кривопаланчанец, три лица тешко повредени

    16.02.2026 во 10:00

    Се излеа Вардар

    16.02.2026 во 09:32

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави зафати во електродистрибутивната мрежа

    16.02.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.