Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
- Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
- Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
- Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

