Close Menu
Press24
    Најново

    Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава

    08.07.2026 во 13:48

    Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода

    08.07.2026 во 13:40

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ го осудува навредливото однесување на Вучиќ кон Шекеринска

    СДСМ го осудува навредливото однесување на Вучиќ кон Шекеринска

    15.02.2026 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година.

    „Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО.

    Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија“ (нагласувајќи го нејзиниот пол на понижувачки начин, како тоа да е релевантно за аргументот), ја обвини Шекеринска дека има врска со сецесијата на 13-14% од територијата на Србија (мислејќи на Косово).

    Ова е класичен пример за стилот на Вучиќ – навреди наместо аргументи, што открива длабоко вкоренет шовинизам и понижување на жените.

    Таквиот однос кон жените не е само личен манир на Вучиќ, туку претставува системски проблем во политичките кругови каде жените на високи позиции често се таргетираат врз основа на нивниот пол, со што се девалвираат нивните професионални достигнувања и придонеси.

    Ова понижување на жените е облик на мизогинија што ја поткопува родовата рамноправност и придонесува за токсична политичка клима во регионот.

    СДСМ недвосмислено ја поддржува Радмила Шекеринска, која нема никаква врска со обвинувањата за сецесионизам и која секогаш се залагала за дијалог и стабилност на Западен Балкан.

    Нејзината улога во НАТО е доказ за силата и компетентноста на жените во меѓународната политика, а ваквите напади ги гледаме како обид за минимизирање на таквите успеси.

    СДСМ е длабоко посветен на рамноправноста на жените и активно работи на промоција на родовата еднаквост во сите сфери на општеството.

    Како партија со долга традиција во борбата за женските права, СДСМ иницираше бројни програми и закони кои ги поддржуваат жените во политиката, економијата и општеството.

    За разлика од авторитарните режими, како оние на Вучиќ и на ВМРО, кои користат шовинизам за да ја одржат моќта, СДСМ верува дека рамноправноста е основа за напредно општество.

    Единствено останува прашањето дали ова е само личен однос кон Шекеринска или зад тоа стои и нешто друго.

    Да потсетиме дека пред неколку недели, Генералниот секретар на НАТО побара од претседателот на Србија одговорност за Милан Радоичиќ поради нападот во Бањска на Косово, кој важи за човек со длабоки врски со криминалот, но и поврзаност со бизнисите околу Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23

    Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун

    08.07.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.