Close Menu
Press24
    Најново

    Ја удирал бремената партнерка со тупаници и шлаканици, јавен обвинител порабал само мерки на претпазливост за насилникот

    14.02.2026 во 13:08

    Извршен увид на местото на убиството во кумановско – младиот убиец кој загуши жена е во притвор

    14.02.2026 во 13:03

    19-годишник му давал марухана на друго лице: Полицијата го фатила на дело и му поднесе кривична пријава

    14.02.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ја удирал бремената партнерка со тупаници и шлаканици, јавен обвинител порабал само мерки на претпазливост за насилникот
    • Извршен увид на местото на убиството во кумановско – младиот убиец кој загуши жена е во притвор
    • 19-годишник му давал марухана на друго лице: Полицијата го фатила на дело и му поднесе кривична пријава
    • Возел голф а немал дозвола: Полицајците го фатиле на дело – па останал без возило
    • Таткото на Ана: „Ни покажавте дека не сме сами – борбата штотуку почнува“
    • Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
    • Премиерот: Продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
    • Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина – токму како мајка се дрзна да вовлече туѓи деца во вмровските валкани методи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ја удирал бремената партнерка со тупаници и шлаканици, јавен обвинител порабал само мерки на претпазливост за насилникот

    Ја удирал бремената партнерка со тупаници и шлаканици, јавен обвинител порабал само мерки на претпазливост за насилникот

    14.02.2026 во 13:08
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста.

    Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото.

    Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето.

    Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ,,Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила  мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.

    Популарно

    Инспекторите не спијат: Акција во Гази Баба за сите непрописно паркирани автомобили

    13.02.2026 во 21:34

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Водич: Како да ги вратите избришаните пораки на Вибер?

    13.02.2026 во 21:05

    Јотова со предупредување до Скопје: „Не се лажете дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање“

    13.02.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.