Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?

    Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?

    14.02.2026 во 11:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверцот со илегалната дрога. Телевизискиот настап на Филипче во кој ја негира врската со поранешниот функционер на СДС, а воедно и реалниот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, е уште една од низата манипулации и замајување на јавноста од страна на СДС и Филипче, кои ги разобличивме преку оваа фотографија,  обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Евидентно од сликата на која Филипче и Тони Котев стојат рамо до рамо, како петок и сабота, укажува на доброто познанство и соработката помеѓу нив. И наместо СДС и Филипче да прават замена на тези, и да бегаат од одговорност, треба да и одговорат на јавноста зошто се толку вознемирени и хистерични за заплената на овие 30 тони дрога? Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата? Од каде предзнаења на Филипче за тоа колку камиони се потребни за одредена количина дрога? Дали промена на Правилникот за одгледување на канабис од 2023 година ја направија за олеснување на нарко-бизнисот? И Филипче и Заев се синоним за криминал и корупција во Македонија, прашањето е колку изнесува вкупниот профит од сите криминални зделки кои ги направиле за време на нивното владеење, вели тој.

    Петрушевски порачува дека јавноста заслужува одговори и еднакво владеење на законот за сите.

    -Затоа го повикуваме ЈО, да ја истражи релацијата на Заев и Филипче во случајот со 30-те тони запленета марихуана, рече пратеникот.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.