Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни

    12.06.2026 во 18:04

    Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот

    12.06.2026 во 17:50

    53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет

    12.06.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
    • Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
    • 53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет
    • Голем дефект – падна фб
    • Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди
    • Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек во светот со богатство над еден билион долари
    • МП и МЖСПП потпишаа меморандум со Франција за еколошка и климатска правда
    • Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ за нарко скандалот: Одговорноста е кај власта – сите ќе одговарате

    СДСМ за нарко скандалот: Одговорноста е кај власта – сите ќе одговарате

    14.02.2026 во 11:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара. Сите молчат. Мицкоски, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски…, обвинуваат утрово од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

    „Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски.

    Дополнително, со медиумската кампања за дефокус Мицкоски самиот се заплетка.

    Јавно тврди дека 100 тони марихуана биле запленети.

    Ако некој успеал 100 тони марихуана нелегално да произведе, повторно тоа е вина на 

    Владата на Мицкоски и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле. 

    За да се произведе 100 тони марихуана потребна е површина од над 30 хектари што е еднакво на површина од над 40 фудбалски стадиони.

    Па кој во власта дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија?

    Зошто власта не направила ниту еден контрола на терен? Зошто не реагирала МВР, Здравство, Земјоделие, инспекторати.

    Две години ништо не презеле? 

    Како безбедносните служби не приметиле толкава количина на марихуана? Што правеле АНБ и АР? 

    Како се чувала, се складирала, се пакувала во кутии?

    Конечно, доаѓаме до клучното прашање, како поминале 5 тони дрога, шлепери и шлепери покрај 65 илјади камери од Сејф сити, скенери, контроли, полиција, царина?

    Нема бегање од одговорност за нарко -скандалот.

    Сите ќе одговарате“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36

    Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста

    12.06.2026 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.