Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице – вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на наведената локација, по што почнала да ја удира по телото, притоа не дозволувајќи и да излезе од возилото и да си замине, со што и ја одзела и ограничила слободата на движење.
Со сторување на наведените дејствија постои основано сомнение дека пријавената Ј.Н. сторила кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ј.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
- Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
- Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
- „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
- Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
- Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
- УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
- Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
- Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички

