Close Menu
Press24
    Најново

    Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?

    15.06.2026 во 23:35

    Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран

    15.06.2026 во 23:29

    ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube

    15.06.2026 во 23:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
    • Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
    • ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
    • Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
    • Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
    • Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
    • Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
    • Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

    Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

    13.02.2026 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Одлуката за повлекување следува по неколкунеделни јавни полемики и изнесени сомнежи во врска со нејзиното работење во Комисијата.

    „ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    Г.Африм Гаши, претседател

    Почитуван Г. Гаши,

    Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

    По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

    Во текот на целата моја професионална кариера, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера.

    Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски.

    Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет.

    На Државната комисија за спречување на корупцијата й посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес.

    Со почит

    Цвета Ристовска“ –  се вели во оставката.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има

    15.06.2026 во 22:33

    Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

    15.06.2026 во 20:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.