Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со САД

    Стојаноски: Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со САД

    13.02.2026 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во Светот, Соединетите Американски Држави, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    По затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, посочи Стојаноски.

    „Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка но и го трасира патот за сеопфатен договор за тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.

    Суштината на овој дипломатски успех на македонската Влада е што, ќе се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи за дел од клучните индустрии и производи, цариснките тарифи ќе се намалат до нула.

    Оваа Заедничка изјава на македонските компании им обезбедува конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари на светот“, истакна Стојаноски.

    Стојаноски рече дека втората клучната придобивка е што со овој поволен економски договор во овие непредвидливи глобални времиња, се зачувани илјадници работни места, а истовремено се праќа регионален и меѓународен сигнал за политичката и економската стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон.

    „Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство.

    Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија, е многу вредна препорака за привлекување на нови инвестиции во Македонија.

    Со овој документ, неоснованите тези и критики на СДС, дека македонската Влада е изолирана, дека нема никаков план, проценка, насока, паѓаат во вода.

    Целта на Владата е јасна, повеќе извоз, повеќе инвестиции и повеќе добро платени работни места дома“, потенцираше Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.