Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандал во МВР Штип: Советник земал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб

    Скандал во МВР Штип: Советник земал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб

    11.02.2026 во 13:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.

    Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање  на законските прописи во МВР, барал од истите да му дадат пари на рака при поднесување на барање за патна исправа, под изговор дека можноста за плаќање на пост терминалот со платежна картица во моментот не е во функција и дека е потребно да платат пари во кеш.

    Граѓаните на рака му давале пари во износ колку што чини услугата, а дадените пари подоцна пријавениот требало да ги уплати на жиро сметка на МВР, како и да изврши уплата за административна такса на жиро сметка на Буџетот на РСМ, но пријавениот иако ја завршил постапката и на граѓаните им издал лични документи-пасоши, во наведениот период не ги уплаќал доверените пари, туку си ги присвоил за себе.

    Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди против М.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

    Прочитај повеќе

    Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

    20.09.2026 во 14:14

    Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана

    20.09.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.