Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Паднаа“ лажни лекари во Битола: Измамиле старци за 7.000 евра и злато

    „Паднаа“ лажни лекари во Битола: Измамиле старци за 7.000 евра и злато

    09.02.2026 во 13:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Битолската полиција стави крај на серијата измами во кои жртви беа повозрасни граѓани. Лишен од слобода е 40-годишниот В.П. од ресенското село Стење, кој живеел во Битола, а судија на претходна постапка веќе му одреди мерка притвор од осум дена.

    Измамникот и неговиот соучесник (по кој сè уште се трага) користеле добро познато сценарио – телефонски повик до жртвите, лажно претставување како лекари и драматична вест дека близок роднина е тешко повреден и итно му требаат пари за операција.

    На 5-ти февруари, тие измамиле 72-годишна битолчанка, која им предала златна огрлица и ланче вредни околу 40.000 денари. Уште подрзок грабеж се случил следниот ден, на 6-ти февруари. Измамниците убедиле 76-годишна жена и нејзиниот сопруг дека нивната внука е тешко повредена во Охрид. Исплашените пензионери се сретнале со измамникот кај Саат кулата во Битола и му предале дури 7.000 евра.

    Полицијата извршила претреси на повеќе локации што ги користел осомничениот В.П., при што биле пронајдени парите и предметите што потекнуваат од измамите.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.