Close Menu
Press24
    Најново

    „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски

    09.02.2026 во 14:50

    Царинските службеници на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево спречија увоз на цигари во вредност од над 700.000 динари

    09.02.2026 во 14:35

    Илон Маск ќе ја населува месечината

    09.02.2026 во 14:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски
    • Царинските службеници на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево спречија увоз на цигари во вредност од над 700.000 динари
    • Илон Маск ќе ја населува месечината
    • Хорор ден за прилепчанец – бил избоден од двајца сограѓани
    • Гостиварец пронашол четири експлозивни направи покрај река во близина на село Трново
    • Гаши: Собранието ќе работи и покрај протестот на ССМ – пратениците ќе дојдат пеш или порано
    • Автобус се заби во кабина на Блаце: На возачот му се одземени документите
    • „Паднаа“ лажни лекари во Битола: Измамиле старци за 7.000 евра и злато
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој не се сеќаваше дека ја заклал мајка си

    Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој не се сеќаваше дека ја заклал мајка си

    09.02.2026 во 13:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основниот суд во Штип денеска донесе пресуда со која Стојанче Зарков е осуден на доживотен затвор за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, извршено во август минатата година.

    Судечкиот совет ги прифати доказите на обвинителството, според кои Зарков во алкохолизирана состојба го извршил грозоморниот чин. Клучен момент за докажување на вината беа вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта, кои неприкосновено потврдија дека тој е сторителот. Дополнително, како тежок товар на обвинетиот му падна и снимката од повикот кон итните служби веднаш по настанот, каде тој изговара: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

    Зарков, кој во Штип е познат како поранешен угостител и сопственик на култната кафеана „Гроф“, во текот на целиот процес негираше вина. На последното рочиште пред неколку дена, тој тврдеше дека има „дупка во сеќавањето“. Според неговата верзија, тој ден ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна, а вечерта се вратил со такси. Тврдеше дека бил во другата соба кога слушнал викање и ја нашол мајка си со крв на вратот, негирајќи дека се сеќава на моментот на убиството или на повикот кон Брзата помош. Судот, сепак, не го прифати ова одбрана.

    Популарно

    Ќе нема струја до 14:30 часот – ЕВН најави исклучувања во повеќе општини

    09.02.2026 во 09:35

    Клучен момент во судењето за „Онкологија“: Словенечки експерти ќе ги соочат онколозите со докази

    09.02.2026 во 09:15

    Драма на Попова Шапка: Ученици на екскурзија се обиделе да го ограбат манастирот „Св. Наум“

    09.02.2026 во 10:33

    Кривична пријава за охридски бизнисмен: Починатиот снимател Кристијан Љушев не бил осигуран ниту обучен за безбедна работа

    09.02.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.