Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец уапсен во Албанија

    12.06.2026 во 15:48

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36

    Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари

    12.06.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец уапсен во Албанија
    • Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
    • Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
    • Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
    • Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
    • Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
    • Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип
    • Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на средба со УПОЗ: На маса потпишување на колективниот договор и новата формула за плати

    Мицкоски на средба со УПОЗ: На маса потпишување на колективниот договор и новата формула за плати

    05.02.2026 во 09:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска во 16:45 часот ќе одржи средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ. Состанокот доаѓа откако Синдикатот ја оцени како прифатлива владината понуда за раст на платите, за која веќе се вршат внатрешни консултации низ синдикалните организации.

    Претходно, предлогот на Владата доби поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски. Премиерот истакна дека извршната власт веќе има подготвено формула за етапно зголемување на примањата во јавната администрација, која според него, нуди поголем раст отколку самото усогласување со минималната плата.

    Мицкоски вчера потврди дека дијалогот трае подолго време и дека Владата е подготвена за финализирање на процесот:

    „Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата“, изјави премиерот.

    Тој додаде дека понудата е на маса повеќе од една година и изрази подготвеност за потпишување на новиот колективен договор за државните службеници.

    Прочитај повеќе

    Македонец уапсен во Албанија

    12.06.2026 во 15:48

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.