Close Menu
Press24
    Најново

    Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија

    10.07.2026 во 23:52

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
    • Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Оддал службена тајна: Полицаец од Ѓорче Петров е суспендиран

    Оддал службена тајна: Полицаец од Ѓорче Петров е суспендиран

    02.02.2026 во 19:132 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

    На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело. Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда“. 

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки  и психијатриски преглед и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

    Прочитај повеќе

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.