Close Menu
Press24
    Најново

    Перински во Кисела Вода: Одобрени се над 528 милиони денари за 24 капитални проекти

    12.06.2026 во 13:17

    Се заканувал со остар предмет на син и мајка, претепани сопруги и кршен инвентар – Приведени петмина насилници

    12.06.2026 во 13:02

    Мицкоски ги покани турските инвеститори да станат дел од развојната приказна на Македонија

    12.06.2026 во 12:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Перински во Кисела Вода: Одобрени се над 528 милиони денари за 24 капитални проекти
    • Се заканувал со остар предмет на син и мајка, претепани сопруги и кршен инвентар – Приведени петмина насилници
    • Мицкоски ги покани турските инвеститори да станат дел од развојната приказна на Македонија
    • Петрушевски: Со уставните измени се отвора Пандорината кутија, тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче
    • Апсења во Битола, Прилеп и Скопје
    • Жерновски: Мицкоски брза на предвремени избори за да ја скрие испразнетата државна каса
    • (ФОТО) Дрога во Пошта во Скопје: Од Франција стигнала сомнителна пратка со кокаин и метамфетамин наменета за Американец
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со години ги лажеше граѓаните, новата Влада веќе вложува во здравството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Протест против „Усје“ во Скопје

    Протест против „Усје“ во Скопје

    31.01.2026 во 14:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под мотото „Стоп за Усје“, граѓани денеска излегоа на протестен марш низ центарот на Скопје, барајќи итни мерки за заштита на животната средина и јавното здравје. Со транспаренти „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“ и „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, учесниците порачаа дека економските интереси не смеат да бидат над здравјето на луѓето.

    Маршот започна напладне пред Владата, продолжи кон Собранието и заврши пред Министерството за животна средина. Организаторите нагласија дека институциите мора да престанат да ги игнорираат проблемите со загадувањето.

    На протестот реагираше премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Тетово. Тој истакна дека го почитува правото на протест, но посочи дека актуелната влада работи на санирање на децениската негрижа. „Ние како Влада правиме сè за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е направено, немам што да кажам“, рече Мицкоски.

    Тој наброја и конкретни мерки што се преземаат, како изградба на когенеративни централи, системи за далечинско греење и одлуки за набавка на електрични автобуси, кои ќе бидат наменети за повеќе градови, не само за Скопје.

    Прочитај повеќе

    Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти

    12.06.2026 во 10:27

    Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје

    12.06.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.