Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

    29.05.2026 во 10:10

    УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки

    29.05.2026 во 10:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Деаноски се луксузира во Црна Гора на грбот на членството на УПОЗ?

    29.05.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија
    • УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки
    • ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Деаноски се луксузира во Црна Гора на грбот на членството на УПОЗ?
    • Љутков: Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија
    • Венс: Сè уште нема сигурна согласност од Трамп за договор со Иран
    • Дневен хороскоп за 29-ти мај 2026: Пари, љубов и неочекувани пресврти
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Австрија: Мајка осомничена за убиство на своето 12-годишно синче

    Трагедија во Австрија: Мајка осомничена за убиство на своето 12-годишно синче

    30.01.2026 во 19:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Страшно злосторство го потресе австрискиот град Леобен, во сојузната покраина Штаерска, каде според првичните информации од истрагата, мајка му го одзела животот на своето дванаесетгодишно дете. Како што пренесуваат локалните медиуми, детето било избодено со нож во станот каде што живееле.

    Итните служби примиле повик за интервенција денеска околу 15 часот, по што веднаш се упатиле кон местото на настанот. Во станот, кој се наоѓа во непосредна близина на болницата ЛКХ Леобен, полицијата и лекарите го пронашле момчето со тешки убодни рани во пределот на вратот. И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за дванаесетгодишникот немало спас и била констатирана смрт.

    При полицискиот увид, во станот била пронајдена и мајката, која исто така имала повреди. Истрагата веднаш ја презеде Покраинската криминалистичка полиција, која на местото на злосторството испрати специјализиран тим за вештачење.

    Засега надлежните не соопштуваат дополнителни детали за околностите кои довеле до оваа трагедија, ниту пак информации за мотивот на делото. Исто така, сè уште нема официјална потврда за евентуално приведување на осомничената мајка, со оглед на тоа што и таа била затекната со повреди.

    Прочитај повеќе

    Венс: Сè уште нема сигурна согласност од Трамп за договор со Иран

    29.05.2026 во 10:01

    Србинка не може да извади пасош и лична карта – на 59 години открила дека во извод и пишува дека е машко

    28.05.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.