ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.
Во септември 2025 година, првопријавениот без согласност на неговата мајка и уште едно лице ги искористил нивните лични податоци од лична карта и патна исправа и му ги предал на второпријавениот, кој без согласност, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред општинска изборна комисија Богданци, а го фалсификувал и потписот на лицата.
Така направените лажни јавни исправи, од третопријавениот Б.З. од Скопје на 13.09.2025 во Богданци биле предадени на членови на општинска изборна комисија Богданци, а со цел поднесување на листа за кандидати за членови на советот на општина Богданци.
- Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
- САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
- И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
- ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
- СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
- СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
- 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

