Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија апсења во струшко: Паднаа дилери на кокаин и марихуана, приведени повеќе лица

    Серија апсења во струшко: Паднаа дилери на кокаин и марихуана, приведени повеќе лица

    28.01.2026 во 11:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полициските службеници од Струга и Охрид реализираа успешни акции за откривање на наркотични дроги, кои резултираа со кривични пријави против четири лица.

    Вчера во 20:25 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е Н.М.(42) од струшкото село Заграчани, а на службен разговор е повикан Ш.К.(44) од селото Калишта. При извршена контрола во патничко моторно возило „хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници го забележале Н.М. како исфрла марихуана. Истата е пронајдена и одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Исто така вчера во 20 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е С.А.(28) од Струга, а на разговор е повикан П.Ш.(29) од селото Радожда. При извршена контрола во патничко моторно возило „фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.А., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

    СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(35) од  струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на Р.И. од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода.

    ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.П.(45) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.  При контрола извршена во струшката населба „Плитишта“, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со опојна дрога кокаин, по што, тој беше лишен од слобода.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.