Close Menu
    Најново

    Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

    27.01.2026 во 15:58

    Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка

    27.01.2026 во 15:54

    Ноќна драма на Бит Пазар: Приведена 28-годишна скопјанка, нападнала полицајци додека биле на должност

    27.01.2026 во 15:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот
    • Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка
    • Ноќна драма на Бит Пазар: Приведена 28-годишна скопјанка, нападнала полицајци додека биле на должност
    • Инспекторите прават чистка во Струмица: Паднаа казни од по 250 евра за палење отпад, полицијата одзеде 31 килограм бакар
    • Семејна драма во Гостивар: Татко со нож се обидел да го нападне синот
    • Ужас во Делчево: Со денови ја тепал и малтретирал сопругата, полицијата поднесе кривична пријава
    • Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот
    • АХВ со итно предупредување: Се повлекува небезбедна бебешка храна „Аптамил“ од Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

    Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот

    27.01.2026 во 15:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска на пригоден начин го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.

    На овој настан, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, имаше поздравно обраќање при што оддаде почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи кои во 1943 година биле присилно депортирани. Тој нагласи дека, како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата против антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на Холокаустот. Изрази надеж дека преку доследна едукација на младите генерации за Холокаустот ќе можеме како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми.

    Во рамки на настанот, обраќања имаа амбасадорката на Државата Израел, Вивиан Аисен, како и претседателот на македонската Еврејска заедница, Пепо Леви. Одбележувањето беше проследено со сведоштво за единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Ученици од Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип, изведоа краток сценски перформанс со наслов „Писмо од Треблинка“. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше отворена и изложба посветена на жртвите на Холокаустот, прикажана низ детска перспектива.

    Нашата држава е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA). Во Скопје се наоѓа Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, како еден од ретките вакви центри во светот. Евреите од тогашна Македонија, во ноќите на 11 март 1943 година, биле присилно собрани и депортирани во логорот Треблинка, во окупирана Полска, од каде што никогаш не се вратиле во своите домови во Штип, Битола и Скопје. Станува збор за 7.144 жртви. Активностите на државата се насочени кон почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање на Холокаустот, со јасна и трајна порака: никогаш повеќе.

    Популарно

    Хорор го потресе светот: Угледен професор со години спиел со 26 кукли направени од женски лешеви

    26.01.2026 во 23:48

    Падна криминална банда кај Свети Николе: Запленети 200 кг марихуана сокриена во возило качено на шлеп-служба

    27.01.2026 во 09:53

    Секунди делеле од трагедија: „Само што излеговме од колата, ѕидот падна“ – Сведоштво на велешанката чие возило беше згмечено во Штип

    27.01.2026 во 12:35

    Трагедија во струмичко: Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци

    27.01.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.