Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Демир Капија и Гевгелија
    • ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори
    • Николоски: Го отвораме Скопје и Македонија кон најмалку две пристаништа
    • Филипче објави документ: Владата „под маса“ обезбедила 100 мегавати струја и пристап до Вардар за дата-центар
    • Филипче: Ковачевски може да каже што сака – ние сме демократска партија
    • Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од лажен директор на финансиско друштво
    • Филипче: Изградбата на дата-центри може да ги остави земјоделците без вода и да ја поскапи струјата
    • Филипче: ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај за метежот во Скопје: Се воведува „паметен зелен бран“ и целосна контрола преку „Safe City“

    Крај за метежот во Скопје: Се воведува „паметен зелен бран“ и целосна контрола преку „Safe City“

    26.01.2026 во 17:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги координираа финалните подготовки за пуштање во функција на системот „Safe City“. Проектот треба да донесе поголема дисциплина на улиците и заштита на јавниот имот.

    Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот, истакна Ѓорѓиевски.

    Денес одржавме значаен координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот, посочи Ѓорѓиевски.

    „Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот.

    Ова е суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град.

    Наместо застарениот концепт на „зелен бран“ од минатото, воведуваме паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

    Во наредниот период, Советот на град Скопје ќе донесе низа важни одлуки поврзани со дистрибуцијата, особено во централното градско подрачје.

    Овие мерки ќе донесат значително олеснување на сообраќајниот метеж, подобра организација и поголем комфор за граѓаните“, рече Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски нагласи дека дополнително, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор.

    „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард.

    Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин. Скопје чекори кон модерен европски град со паметни решенија, јасни правила и одговорен сообраќај.

    Воведуваме ред.

    Ја зголемуваме безбедноста.

    Го градиме Скопје како современ и функционален град за сите“, потенцираше Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре планирани прекини на струја во повеќе скопски населби

    26.08.2026 во 13:19

    Карпош ги гаси фонтаните како мерка против комарци и Западно-нилска треска

    26.08.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.