Close Menu
Press24
    Најново

    Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија

    28.10.2026 во 10:42

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија
    • Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба
    • Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот
    • Полицијата ќе ве „удри“ по џебот – За две недели почнуваат казните од 45 евра
    • Прогласен црвен аларм на Балканот – Доаѓа катастрофално невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР во завршна фаза на тестирање на системот за автоматска детекција на брзина – Безбеден град

    МВР во завршна фаза на тестирање на системот за автоматска детекција на брзина – Безбеден град

    25.01.2026 во 12:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше на терен на локација каде се спроведува финална проверка и верификација на паметниот систем за автоматска детекција на брзината на движење на возилата, како дел од проектот за унапредување на безбедноста во сообраќајот.

    „Станува збор за систем кој МВР го развиваше во изминатиот период со цел намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во процесот на тестирање се проверува јасноста на снимките, прецизноста при читањето на регистарските таблички и точноста на податоците што системот ги регистрира. Според стручните служби вклучени во верификацијата, утврдените отстапувања во мерењето на брзината се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира висока сигурност и доверливост на системот.“, потенцираше министерот Тошковски.

    Министерот Тошковски истакна дека со овој систем се поставуваат повисоки безбедносни стандарди во сообраќајот и неговата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и повеќе спасени човечки животи.

    Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на територијата на целата држава. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, кои ќе дејствуваат особено на т.н. „црни точки“ на патиштата.

    „Системот работи автоматски и непристрасно – камерата не прави разлика меѓу луѓе, туку евидентира прекршок. Законот важи еднакво за сите, а безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, нагласи министерот.

    Од МВР потенцираат дека примената на системот веќе покажува позитивни ефекти во насока на зголемена сообраќајна дисциплина и намалување на ризиците на патиштата.

    Прочитај повеќе

    Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    28.10.2026 во 10:33

    Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот

    28.10.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.