Close Menu
Press24
    Најново

    Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија

    28.10.2026 во 10:42

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија
    • Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба
    • Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот
    • Полицијата ќе ве „удри“ по џебот – За две недели почнуваат казните од 45 евра
    • Прогласен црвен аларм на Балканот – Доаѓа катастрофално невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 125 илјади инспекциски контроли, казни од 618 илјади евра – АХВ со статистика за сработеното лани

    Над 125 илјади инспекциски контроли, казни од 618 илјади евра – АХВ со статистика за сработеното лани

    25.01.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните,
    спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на
    контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните.

    Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик.

    Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска
    противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.

    Во рамки на овие контроли, одземена и нештетено уништена беше небезбедна храна (месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци) во вкупна количина од 355 377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.

    Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спроведоа 78 016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни. Како небезнедни уништени беа 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69 785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник.

    Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени беа три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22 061 килограми. Во истиот временски период како небезбедни вратени беа 16 пратки со храна од животинско потекло.

    Прочитај повеќе

    Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    28.10.2026 во 10:33

    Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот

    28.10.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.