Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

    13.03.2026 во 20:37

    Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

    13.03.2026 во 20:35

    Пентагон со порака до Техеран: Иран е единствената закана за слободниот проток на нафта

    13.03.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите
    • Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет
    • Пентагон со порака до Техеран: Иран е единствената закана за слободниот проток на нафта
    • Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности
    • Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени
    • Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
    • Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство
    • Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков на средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“: Во фокус културните соработки

    Љутков на средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“: Во фокус културните соработки

    24.01.2026 во 10:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“,

    Средбата беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на македонското културно наследство и продлабочување на меѓусебното разбирање меѓу двата народа. Беа разменети искуства и можности за реализација на заеднички културни иницијативи и проекти.

    Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“, предводено од претседателката Оливера Лазаревска Санчез, активно работи на афирмација на македонската култура, традиција и идентитет во Шпанија, претставувајќи значаен мост на културна комуникација меѓу двете земји. Во таа насока, средбата отвори простор за унапредување на соработката преку реализација на културни настани, презентации и активности кои придонесуваат за поголема видливост на македонската култура и културното наследство.

    Целта на ваквите активности е зајакнување на културните врски меѓу Македонија и Шпанија, поттикнување на културниот дијалог и создавање одржлива основа за долгорочна соработка, при што културата се препознава како клучен двигател на меѓусебното поврзување.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.