Close Menu
Press24
    Најново

    Први случаи на западнонилска треска во Србија

    06.08.2026 во 23:44

    Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве

    06.08.2026 во 23:21

    ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години

    06.08.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Први случаи на западнонилска треска во Србија
    • Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве
    • ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години
    • Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ
    • Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска
    • ЕУ за состојбата во Шпанија: Нема нови извештаи за мигранти кои ја напуштиле Сеута кон континентот
    • Володимир Зеленски во сабота во официјална посета на Белград
    • Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Усвоен Закон без контрола на снимањето – игра на ДУИ и ВМРО за избори

    СДСМ: Усвоен Закон без контрола на снимањето – игра на ДУИ и ВМРО за избори

    23.01.2026 во 18:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвои и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери, велат од СДСМ преку писмено сооштение испратено до медиумите. 

    Одбија да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик. 

    Проектот „Safe City“ е започнат во време на владата на СДСМ и од аспект на безбедноста во сообраќајот е значаен, но вака донесен Законот за прекршоци значи отворена врата за злоупотреби. МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните без било какви заштитни механизми.

    Ова е игра на ДУИ и ВМРО, кои беа заедно на лидерска средба и цело време задно се договараат.

    Останува уште да ја укинат техничката влада и подготвени се за избори.

    Давос покажа дека анти-ЕУ кампањата дала резултати. Мицкоски се јавува од Давос како патувачки репортер кој самиот се снима, имитирајќи го Вучиќ, кој исто така, како да е вработен во туристичка агенција, ги покажува хотелските соби и храната по рестораните.

    Времето на Груевски се враќа на голема врата. Видовме како беше пред 10 години, во 2016 година. Ситуацијата и денеска е иста. Сè е земено од канџите на ВМРО. 

    Преку контролирани медиуми водат постојана црна кампања, хајка и линч.

    Се обидуваат единствената опозициска партија да ја разединуваат одвнатре. Целта е контролирана опозиција.

    Теренот е речиси подготвен за недемократски избори кои ќе им дадат уште четири години да ги држат граѓаните како заложници и да продолжат со криминалот и корупцијата. Ќе ја опустошат Македонија.

    Планот е изолација, избори, па мигранти за пари.

    СДСМ е единствена вистинска опозициска партија, има нова сила и продолжува со борбата. Не сме сами, со нас се граѓаните. 

    Ние нема да се продадеме, ниту за тендери ниту за ништо. Нема да биде контролирана опозиција!

    Ние сме тука за да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат

    06.08.2026 во 20:21

    Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција  го напаѓаше

    06.08.2026 во 20:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.