Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска упати жестоки критики до опозицијата откако СДСМ и ДУИ гласаа против измените на Законот за прекршоци. Според Мицевски, овој „политички брак“ директно ги загрозува животите на граѓаните со тоа што се обидува да го сопне проектот „Безбеден град“.
„Денеска на дело го видовме сојузот на СДС и ДУИ кој е против редот и безбедноста. Тие гласаа против системот кој веќе докажа дека може да ги преполови сообраќајните прекршоци само за еден ден“, порача Мицевски. Тој потенцираше дека и покрај нивниот отпор, законот е изгласан со двотретинско мнозинство, со што патот за автоматско казнување е конечно отворен.

