Close Menu
    Најново

    Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите 

    21.01.2026 во 18:59

    Голоб: Сè уште не е време Словенија да се приклучи на Одборот за мир на Трамп

    21.01.2026 во 18:54

    Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина

    21.01.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите 
    • Голоб: Сè уште не е време Словенија да се приклучи на Одборот за мир на Трамп
    • Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина
    • Полицајците влегоа во Филозофскиот факултет во Нови Сад
    • Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
    • Во моментов нема снег: Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата
    • Трамп: Нема да имаме Трета светска војна
    • Протести во Цирих: Запалено американското знаме
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите 

    Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите 

    21.01.2026 во 18:59
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра поткуп, што значи дека таа метастаза во македонското правосудство постои, 35 години граѓаните ја гледале, а она коешто сега охрабрува е што конечно институциите покажуваат знаци на отпорност кон ваквиот систем и сакаат да го исушат ова политичко обвинителско судско мочуриште кое едноставно го нагризуваше нашиот систем“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија Њузмакс Балканс во емисијата „Став на регионот“.

    Стојаноски исто така истакна дека ќе бидат усвоени 5 закони кои ќе ги заострат критериумите за изборот на судии, обвинители и членови на судскиот Совет со цел да се спречат ваквите појави.

    “Овој месец ќе бидат усвоени пет закони коишто ќе треба да ја дефинираат обвинителската и судската служба и каде што ќе треба да ги заострат критериумите за избор дали на судии, дали на обвинители, дали на членови на судски Совет, за да може да го спречиме производството на вакви кадри коишто потоа ќе ја срамат целата држава, тие луѓе да не можат да се доближат до институциите а камоли да седат таму и даваат пресуди“, рече Стојаноски и додаде:

    „Колку човечки судбини се уништени од еден ваков корумпиран судија којшто досега успешно се криел од системот. Нешто за коешто нашата партија со години укажува дека тоа е присутно, се надевам дека ќе има уште акции и во наредните години од преостатокот од нашиот мандат, ќе успееме да санкционираме многу вакви криминалци коишто се заштитени и коишто сеуште егзистираат во тој дел од општеството“.

    На крај Стојаноски посочи дека со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни со цел да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.

    „Оваа е порака дека другите судии коишто можеби помислуваат на вакви дејанија, дека криминалот е неисплатлив, ние сега создаваме решенија коишто ќе бидат системски, од коишто некој утре ќе може да ги гони функционерите од оваа власт, одговорни политичари така размислуваат. Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се заострени сите казни, ние одлучивме како пратеници согласно уставните надлежности да предложиме повисоки законски казни, затоа што еднаш засекогаш мора да покажеме дека секој во оваа држава треба да знае дека треба да работи по закон, и нема недопирливи, правдата треба да ги стигне сите“, дециден е Стојаноски.

    Популарно

    Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов

    21.01.2026 во 14:46

    ФОТО: По големата бура – Аурорите видливи и од Македонија

    20.01.2026 во 21:43

    Тешка сообраќајна несреќа кај Хиподром, возило превртено на покрив

    21.01.2026 во 14:34

    Македонец пронајден мртов после 22 години потрага

    21.01.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.