Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата

    04.08.2026 во 17:34

    Падна цената на нафтата

    04.08.2026 во 17:27

    УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија

    04.08.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата
    • Падна цената на нафтата
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија
    • Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици
    • Тошковски: Водата во Гостивар сè уште е само за техничка употреба, се чекаат три исправни мерења
    • Хорор во Скопје: Пукал со пиштол по расправија во Гази Баба, па побегнал со автомобил
    • Серија апсења во Скопје
    • Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на сопругот на италијанската министерка по повеќе од еден месец потрага
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина

    Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина

    21.01.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со Бјорн Габриел, раководител на Канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија.
    На работната средба, Хоџа и Бјорн разговараа за продолжување на досегашната соработка меѓу Министерството и ЕИБ, со посебен фокус на имплементацијата на стратешките проекти во областа на животната средина и водната инфраструктура.
    Министерот Хоџа ја истакна важноста на континуираната поддршка од ЕИБ во реализацијата на проекти кои имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и заштитата на животната средина.
    Бјорн нагласи дека Европската инвестициска банка, како банка во сопственост на земјите членки на Европската Унија и како најголема мултилатерална финансиска институција, поддржува одржливи проекти кои придонесуваат кон остварување на стратешките цели на ЕУ, со посебен фокус на Европа.

    Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Северна Македонија имаат потпишано два кредитни договори со ЕИБ, и тоа 68 милиони евра за проектот „Изградба на станица за третман на отпадни води за градот Скопје“ и 50 милиони евра за проектот „Подобрување на водната инфраструктура во општините“, кој опфаќа 80 општини во државата. Покрај кредитите, ЕИБ обезбедува и грантови за техничка помош, а во рамки на проектот за станицата за третман на отпадни води во Скопје се обезбедени 69 милиони евра грантови од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), кои се администрираат преку ЕИБ како водечка банка на проектот.

    Бјорн повторно ја потврди посветеноста на ЕИБ за целосна поддршка во реализацијата на проектите, потенцирајќи ја тесната соработка со проектните тимови, редовното учество на координациски состаноци и улогата на ЕИБ како мост помеѓу институциите на Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија.
    Двете страни се согласија да продолжат со интензивна соработка со цел успешна имплементација на приоритетните проекти во областа на животната средина.

    Прочитај повеќе

    УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата

    04.08.2026 во 17:34

    УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија

    04.08.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.