Close Menu
Press24
    Најново

    Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина

    15.03.2026 во 15:47

    Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба

    15.03.2026 во 15:26

    Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија

    15.03.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
    • Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
    • Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија
    • Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца
    • Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство
    • Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале
    • Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп од Давос: Итно го сакам Грендланд

    Трамп од Давос: Итно го сакам Грендланд

    21.01.2026 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп упати остра критика кон Европа, ги пофали економските резултати на Соединетите Американски Држави и повторно ја актуелизираше контроверзната идеја за набавка на Гренланд.

    „Нема да употребам сила, но го сакам Гренланд итно. Преговорите мора да започнат веднаш, сакам таму да изградам Златна купола!“, изјави Трамп, алудирајќи на неговата визија за стратешко присуство на островот.

    Тој се осврна и на говорот на канадскиот премиер, кој предизвика бројни реакции во Давос, испраќајќи му директна порака: „Канада постои благодарејќи на нас. Знај го тоа следниот пат кога ќе даваш изјави“.

    Трамп ја оправда идејата за купување територии со историски аргументи, нагласувајќи дека тоа не е преседан. „Во историјата сме купиле бројни земји… Нема ништо лошо во тоа“, рече тој.

    Британскиот весник Телеграф забележа дека во последните денови Трамп неколкупати го мешал Гренланд со Исланд, што предизвика дополнителни реакции во јавноста.

    Во продолжение на говорот, американскиот претседател упати критики и кон Европската унија. „Ја сакам Европа и сакам да оди во добар правец, ама, не оди. Не можам да ја препознам Европа, во негативна смисла“, изјави Трамп.

    Посебно остар беше кон Данска, потсетувајќи на Втората светска војна. Според него, земјата брзо паднала под окупација и била спасена од САД, заедно со Гренланд. „Без нас денес ќе зборувавте германски и по малку јапонски“, рече Трамп, додавајќи дека Данска покажува неблагодарност за американската помош.

    Популарно

    Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје

    15.03.2026 во 12:44

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале

    15.03.2026 во 14:13

    Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови

    15.03.2026 во 13:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.