Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема полициска акција: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – проневериле 700.000 евра од УЕФА
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК со пресек до 10 часот: Автобусите не возат до крајните линии, цистерна го блокираше Бутел, Отовица затворена за сите возила

    ЦУК со пресек до 10 часот: Автобусите не возат до крајните линии, цистерна го блокираше Бутел, Отовица затворена за сите возила

    21.01.2026 во 11:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силните врнежи од снег и ниските температури предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот ширум државата. Најкритично е во Скопје и на планинските превои, каде веќе се воведени забрани за движење.

    ЦУК информираше за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 10:00 часот

    Скопски регион

    Поради мраз и снег на коловозите во Град Скопје, зимската служба е ангажирана со целосна механизација и континуирано врши чистење и посолување на сообраќајниците.

    Во Општина Ѓорче Петров е забележан застој во сообраќајот поради тестирање на системот „Сејв Сити“.

    Во Општина Бутел, кај кружен тек, е блокирана улица поради застаната цистерна. За состојбата се известени Град Скопје и Полициската станица Бутел.

    Автобускиот јавен превоз моментално не сообраќа до крајните автобуски линии. Општинските зимски служби интензивно работат на нормализирање на состојбата.

    Битолски регион

    ЈП „Македонија пат“ врши расчистување на приоритетните патни правци, по што ќе следи интервенција и на останатите патишта.

    Во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени нема пријавени вонредни настани.

    Велешки регион

    Во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови.

    Во Општина Чашка машините се на терен, но на патниот правец Велес – Чашка сообраќајот се одвива отежнато.

    Патиштата во Неготино и Демир Капија се проодни, при што се врши континуирано посолување.

    Патниот правец кон село Раштани (Општина Велес) е непрооден.

    Во Кавадарци и Росоман се врши интензивно посолување и расчистување, а сите патни правци се проодни во зимски услови.

    Кумановски регион

    Сите патни правци се проодни во зимски услови, а се врши расчистување и опесочување.

    Во Куманово дел од улиците се тешко проодни.

    На ГП Табановце има заглавени товарни возила поради нерасчистен пат.

    Во Општина Ранковце регионалниот пат кон село Герман е делумно непрооден поради висина на снегот.

    Во Крива Паланка, Кратово и Липково патните правци се проодни, а комуналните служби се на терен.

    Полошки регион (Тетово, Гостивар)

    Сите патни правци се проодни во зимски услови.

    Во Општина Желино, поради дефект, во текот на вчерашниот ден имало прекин во снабдувањето со електрична енергија.

    Во Маврово и Ростуше снежната покривка изнесува околу 10 см, а воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.

    Источен и југоисточен регион

    Во регионите Штип и Струмица сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, без прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

    Југозападен регион

    Во Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа и Кичево сите патни правци се проодни. Во Кичево има снежна покривка до 10 см и се врши расчистување и опесочување.

    Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на планинските превои Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан.

    На патниот правец Демир Капија – Смоквица, сообраќајот за тешки товарни возила е пренасочен по стариот пат во двата правци.

    Од 09:16ч. сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје ќе биде затворен поради расчистување на снегот за сите видови на возила.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.