Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојановски до судиите: Сфатете веќе – криминалот не е испалтлив

    Стојановски до судиите: Сфатете веќе – криминалот не е испалтлив

    20.01.2026 во 19:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дебатираше за многу актуелни теми меѓу кои и за состојбата во правосудството и случајот со апелацискиот судија каде полицијата пронајде 350 илјади евра во ѕид од неговата куќа, притоа истакнувајќи дека со реформи состојбата може да се промени и да се стави крај на корупцијата и поигрувањето со човечки судбини во областа на судството.

    „Би сакал да ја поздравам оваа акција од институциите и да биде сфатена од оние коишто се судии во моментот да разберат дека криминалот не е исплатлив и дека некој конечно сака да расчистува со тој криминал, така да единствено нешто што сега се бара од нив е да судат по словото на законот и да постапуваат професионално. За да се промени состојбата во судството треба системски реформи кои ќе започнат од почеток по сите инстанци, тоа се прави со носење на законски решенија кои треба да пристигнат во парламентот. Ете до крајот на месецот од Владата ќе стигнат најверојатно три или четири закони од оние седум од Министерството за правда, кои треба да гарантираат сериозни реформи согласно европската агенда и на тој начин заедно со дебата со сите општествени чинители да направиме законски решенија кои што ќе гарантираат дека вакви луѓе повеќе ќе не можат да влезат во тие институции, а не пак да пресудуваат кон некого, затоа што ова не се само 350 илјади евра не е само ова корупција во системот ова се човечки судбини коишто досега биле уништувани но некој тоа го толерирал“, рече Стојаноски.

    Пратеникот истакна дека сите без разлика на тоа дали се обвинители или судии треба да ја сфатат пораката дека не се по моќни од другите луѓе, потенцирајќи дека е потребно да се фокусираат на професионалното работење, а не на криминалот.

    „Затоа ова нека биде порака до сите оние коишто сметаат дека ако се судии и обвинители и не знам што во правосудниот систем се по моќни од поединецот, не туку сите треба да бидат еднакви пред правдата. Од овој момент натака мислам дека сите треба да ја сфатат, ако не ја сфатиле пораката дека времето на како до сега е завршено и дека треба да работат само професионално, а криминалот не се исплати затоа што сцените кои што ги гледавме со овој судија и со тој претходно мислам дека ќе се повторуваат ако не успееме да го исушиме тоа мочуриште“, вели Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.