Close Menu
Press24
    Најново

    Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина

    15.03.2026 во 15:47

    Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба

    15.03.2026 во 15:26

    Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија

    15.03.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хрватскиот претседател загрижен: Србија се снабдува со офанзивно оружје од Кина
    • Ирански МНР: Врховниот лидер е во одлична здравствена состојба
    • Израел ѝ понуди на Германија да изгради „Железна купола“ на нејзина територија
    • Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца
    • Брачни кавги, заробена партнерка и тепачка со свекрва: Седум пријави за семејно насилство
    • Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале
    • Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Уште еден доказ мигранти за пари

    СДСМ: Уште еден доказ мигранти за пари

    20.01.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ со сериозни обвинувања кон Владата тврдејќи дека најновите одлуки за либерализација на пазарот на труд се всушност параван за реализација на таен договор за прифаќање мигранти.

    Според СДСМ, одлуката за увоз на работна сила е апсурд во услови на висока домашна невработеност.

    „Пред неколку дена, со одлука на Владата на Мицкоски, отворена е вратата за влез на 10.000 т.н. економски работници иако во Македонија има речиси 100.000 невработени. Пред ова Владата на Мицкоски го смени и Законот за странците за да го олесни доаѓањето“, се наведува во партиското соопштение.

    Од опозицијата директно ја поврзуваат оваа мерка со претходните извештаи во странските медиуми. Тие сметаат дека терминологијата намерно се менува од „мигранти“ во „економски работници“.

    „Ова се поклопува во целост со пишувањето на британските медиуми за ’стратешки договор‘ во согласност со кој мигрантите би добиле работни визи во Македонија за работа во разни сектори. Драги граѓани на Македонија, дали сега ви е јасно дека договор мигранти за пари има? Еве преку оваа објава тие тоа и го потврдија“, истакнуваат од СДСМ.

    Партијата остро реагираше и на шпекулациите околу нивната онлајн-петиција, негирајќи дека таа била прекината поради слаб интерес од граѓаните. Наместо тоа, СДСМ употреби исклучително остра реторика, споредувајќи ги потезите на власта со фашистички режими.

    „Сега кујните на ВМРО објавуваат вести дека граѓаните не ја поддржале онлајн-петицијата на СДСМ, што СДСМ ја прекина само по неколку дена затоа што ВМРО изгласа декрет како од Третиот Рајх, за забрана на слободата на говор“, велат од СДСМ.

    Тие додаваат дека власта сега манипулира со оваа ситуација.

    „Но, сега што прави ВМРО со ова? Го користат за да наметнат мислење дека, всушност, граѓаните не ја поддржале петицијата затоа што поддржуваат доаѓање мигранти, односно т.н. економски работници, како што ја сменија терминологијата.“

    На крајот, СДСМ заклучува дека единствениот мотив за ваквите потези е очајната финансиска состојба на државната каса.

    „Пари нема во буџетот, веќе сега недостигаат две милијарди евра на тендер-коалицијата, ВМРО – ЗНАМ им фрлаат пари за нови тендери“, стои во реакцијата на опозициската партија.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Го начекале во подземна гаража: Едниот извадил пиштол, другите го тепале

    15.03.2026 во 14:13

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    Хулиганство во Аеродром: Малолетници нападнаа три лица со тупаници и јајца

    15.03.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.