Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони

    Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони

    16.01.2026 во 17:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Британскиот премиер Кир Стармер „не планира“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што претходно предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит.

    – „Премиерот не планира да разговара со претседателот Путин. Неговата цел очигледно е да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја постави земјата во најсилната можна позиција за продолжување на борбата и чекорите кон мировните преговори“, рече портпаролот.

    Тој додаде дека рускиот претседател „досега не покажал никаков знак“ дека сака да ја прекине војната во Украина. Портпаролот истакна и дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку амбасадата во Москва.

    Кремљ претходно денеска го оцени како „позитивно“ тоа што некои европски земји се подготвени да го обноват дијалогот, кој беше прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, истовремено го критикуваше ставот на Велика Британија, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување на мирот“.

    – „Позицијата на Лондон е од деструктивна природа“, додаде Песков.

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони на почетокот на јануари изјави дека „дојде време кога и Европа треба да разговара со Русија“, предлагајќи европски „специјален пратеник“ кој би овозможил единствен говор на земјите-членки.

    Францускиот претседател Емануел Макрон во декември 2025 година порача дека за Европејците би било „корисно повторно да разговараат со Владимир Путин“ во рамките на „сеопфатен дијалог со Русија“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц завчера потврди дека „пронаоѓањето долгорочен баланс со Русија“ би овозможило на Европската унија „со поголема доверба да гледа во иднината“.

    Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го обнови контактот со рускиот колега, заговорниците за обнова на дијалогот предупредуваат дека Европа, оставајќи се на страна, ризикува да стане само преговарачки адут во можното политичко решение на војната во Украина, како и во поширок контекст на обновата на американско-руските односи.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.