Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат

    17.06.2026 во 13:08

    Поголем дел од Македонија ја зафати невреме

    17.06.2026 во 13:00

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    17.06.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат
    • Поголем дел од Македонија ја зафати невреме
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Фрлил три торби дрога во битолско и избегал, полицијата пукала во воздух
    • УХМР со најнова прогноза за цела недела: Топло со температури до 37 степени, попладне можно локално невреме
    • Утре ќе има прекин на струја во Скопје и околината
    • Паднаа 11 дилери во Скопје
    • Скопје домаќин на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, Алиу најави регионална конференција со Светска банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер

    Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер

    15.01.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт. 

    Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.

    На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.  

    Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти, потенцира вицепремиерот Николоски. 

    На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.   

    Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Ангела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.

    Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи.

    Прочитај повеќе

    Поголем дел од Македонија ја зафати невреме

    17.06.2026 во 13:00

    Фрлил три торби дрога во битолско и избегал, полицијата пукала во воздух

    17.06.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.