Close Menu
Press24
    Најново

    Одземени пет деца во Велес, родителите лишени од слобода за запуштање

    08.08.2026 во 15:44

    Осумгодишно девојче е тешко повредено откако во него удрило патничко возило во Гостивар

    08.08.2026 во 15:42

    Филипче: Жртвата на бранителите кај Карпалак останува дел од нашата колективна меморија

    08.08.2026 во 15:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одземени пет деца во Велес, родителите лишени од слобода за запуштање
    • Осумгодишно девојче е тешко повредено откако во него удрило патничко возило во Гостивар
    • Филипче: Жртвата на бранителите кај Карпалак останува дел од нашата колективна меморија
    • ФОТО ВЕСТ: Голем пожар во Света Петка, Соње
    • Пронајден починат 38-годишен маж во Штип, телото дадено на обдукција
    • Избодени две лица во крвава пресметка пред угостителски објект во Тетово
    • Семеен инцидент во Охрид: Со стаклен предмет нападнал снаа, па извадил пиштол
    • Затвореник на викенд отсуство ја претепал мајка си во Охрид, полицијата го врати зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потврдени изборните резултати: Четири општини со нови градоначалници

    Потврдени изборните резултати: Четири општини со нови градоначалници

    14.01.2026 во 17:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на новите градоначалници во четири општини. За градоначалници беа потврдени Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Националната алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалицијата „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кои ќе раководат со општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

    Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири, изјави дека Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат согласно Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 11 јануари.

    Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место во Гостивар каде што не било спроведено гласање.

    „Пред да пристапи Комисијата кон објава на конечни резултати, ДИК мора да донесе одлука за не спроведување на гласање на избирачкото место 0782 за општина Гостивар, на кое избирачко место на 11 јануари, во согласност со членот 104 став 2 од Изборниот законик, поради лошите временски услови, не беше спроведено гласање“, појасни Ристов на почетокот на седницата.

    Тој додаде дека на ова избирачко место биле запишани само 23 гласачи со право на глас и дека бројот на запишани избирачи не влијае врз конечниот исход и односот на освоените гласови меѓу кандидатите за градоначалник.

    Прочитај повеќе

    Одземени пет деца во Велес, родителите лишени од слобода за запуштање

    08.08.2026 во 15:44

    Осумгодишно девојче е тешко повредено откако во него удрило патничко возило во Гостивар

    08.08.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.