Close Menu
    Најново

    (ВИДЕО) Визија 60: Јапонците тренираат роботи како да војуваат

    13.01.2026 во 18:26

    Светот во шок: Познат пејач се соочува со тужби за сексуални напади

    13.01.2026 во 18:10

    Украинскиот парламент без одлука: Не е изгласан нов министер за одбрана

    13.01.2026 во 17:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Визија 60: Јапонците тренираат роботи како да војуваат
    • Светот во шок: Познат пејач се соочува со тужби за сексуални напади
    • Украинскиот парламент без одлука: Не е изгласан нов министер за одбрана
    • СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане
    • Трамп им порача на демонстрантите во Иран: Помошта доаѓа
    • Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правниции на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
    • Скандал во Албанија: Мистериозно испразнети банкарски картички, парите се трошеле низ цела Европа
    • Проштална средба во вила Водно: Сиљановска Давкова се заблагодари на Агелер за зацврстување на сојузништвото со САД
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ВИДЕО) Визија 60: Јапонците тренираат роботи како да војуваат

    (ВИДЕО) Визија 60: Јапонците тренираат роботи како да војуваат

    13.01.2026 во 18:26
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Неколку четириножни роботи за првпат беа вклучени во воена вежба на Првата воздушно-десантна бригада на Јапонските копнени сили за самоодбрана, одржана викендов на полигонот Нарашино. Ова е првпат единицата да интегрира самоуправувачки копнени возила во својата традиционална новогодишна вежба, што претставува значаен чекор кон модернизација на јапонските вооружени сили.

    Беспилотното копнено возило, познато како „Визија 60“ (Vision 60), е развиено од американската компанија „Гоуст роботикс“ (Ghost Robotics). Роботите се дизајнирани за извидување и поддршка на трупите во сложени теренски услови, пренесува порталот „Кликс“.

    Во вежбата учествуваа околу 2.100 војници и офицери од 14 земји, меѓу кои САД и Австралија, објави јапонскиот радиодифузер НТВ. Роботските единици дејствуваа заедно со војниците, демонстрирајќи ја можноста за координација меѓу човечки и автономни системи на бојното поле.

    „Визија 60“ тежи околу 51 килограм и може да се движи континуирано до 3,15 часа со брзина од 0,9 метри во секунда, додека во режим на подготвеност може да остане активен и до 21 час. Овие карактеристики го прават погоден за долготрајни мисии и извидувачки задачи.

    Популарно

    Земјотрес ја стресе Македонија

    12.01.2026 во 08:21

    Ужас ја потресе Македонија: Татко ја допирал 13-годишната ќерка, во Неготино плаќале дете за да имаат сексуални односи

    13.01.2026 во 09:07

    Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев

    12.01.2026 во 23:43

    Ледена ноќ во Македонија: Во 22 часот измерени -10 степени, екстремен студ во целата држава

    12.01.2026 во 23:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.