Ноќеска во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
- ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
- Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
- Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците
- ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
- 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
- Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
- Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

