Close Menu
Press24
    Најново

    Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“

    30.10.2026 во 23:05

    Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр

    30.10.2026 во 22:54

    САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија

    30.10.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охрид се простува од Кристијан Љушев: „Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето“

    Охрид се простува од Кристијан Љушев: „Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето“

    13.01.2026 во 11:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Охрид е во шок по веста за трагичната смрт на младиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Несреќата се случила вчера во станбена зграда во изградба во Охрид.

    Според неофицијални информации објавени од локалните медиуми, 28-годишниот Љушев паднал во окно од лифт во зграда која сè уште е во фаза на изградба. Тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ околу 15:00 часот, каде биле направени обиди за реанимација, но лекарите за жал не успеале да го спасат неговиот живот.

    Кристијан Љушев беше основач на продуцентската куќа „Шпанец“ и уживаше голем углед како исклучително талентиран професионалец. Неговиот творечки опус вклучува бројни документарни емисии, музички спотови и проекти посветени на македонското културно наследство и Бигорскиот манастир.

    Колегите и пријателите на социјалните мрежи со неверување се простуваат од него, опишувајќи го како автор со јасна визија и искрена посветеност чиј творечки пат прерано згасна.

    „Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето“, пишуваат неговите колеги кои се простуваат од прерано заминатиот пријател.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле

    30.10.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.