Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар
    • Тони Дескоски: ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат
    • СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски го осуди инцидентот во Бугарската амбасада во Скопје: Институциите одговорија брзо и ефикасно

    Муцунски го осуди инцидентот во Бугарската амбасада во Скопје: Институциите одговорија брзо и ефикасно

    12.01.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го осуди инцидентот во кој беше искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за изолиран случај со помала материјална штета и дека институциите реагирале брзо и ефикасно.

    Муцунски информираше дека, според првичните информации, инцидентот го извршило едно лице и дека причинетата материјална штета не е во голем обем, но дека, без оглед на тоа, настанот е најостро осуден.

    – Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори со истрагата, бидејќи не сакам да ѝ наштетам, би Ве упатил да побарате одговор од МВР. Но, она што би сакал да го кажам е дека институционално има брз и ефикасен одговор од наша страна, изјави Муцунски.

    Одговарајќи на новинарско прашање, министерот посочи дека не е возможно да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територијата на државата, но дека клучно е институционалното постапување и целосното расветлување на случајот.

    – За жал, не може да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територија на државата, но најважно е дека веќе тој инцидент е осуден од наша страна и се работи на целосно расветлување на случајот, рече Муцунски.

    Тој додаде дека државата има обврска да даде јасен и одговорен институционален одговор.

    – Наша одговорност како држава е прво да дадеме објективен одговор, да го осудиме настанот, а потоа и нашите институции максимално брзо да ги преземат сите потребни дејствија и мислам дека од наша страна е максимално коректно одговорено до овој момент. Се надевам дека брзо ќе заврши истрагата од страна на МВР, додаде министерот.

    Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека во инцидентот е скршено стакло на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.