Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

    04.03.2026 во 17:46

    Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците

    04.03.2026 во 17:37

    Кривични пријави, руско масло во бугарската пропаганда

    04.03.2026 во 17:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер
    • Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците
    • Кривични пријави, руско масло во бугарската пропаганда
    • Утре подгответе ги чадорите – од УХМР најавуваат дожд
    • Се дигитализира системот за заразни болести, пристигнува АЛЕРТ 2.0
    • Американска подморница потопи ирански брод
    • Скопјанец пронајден починат во својот дом
    • Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » В недела се бираат градоначалници во четири општини: Кампањата финишира, за победа веќе не е потребен цензус

    В недела се бираат градоначалници во четири општини: Кампањата финишира, за победа веќе не е потребен цензус

    08.01.2026 во 11:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Изборната кампања за повторените локални избори во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа завршува утре (петок, 9 јануари) на полноќ, со што официјално започнува предизборниот молк кој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во недела, на 11 јануари во 19 часот.

    Овие избори се од клучно значење за четирите општини кои останаа без избран татко на градот по редовните Локални избори во октомври 2025 година, поради недоволна излезност. Државната изборна комисија (ДИК) потврди дека од технички и организациски аспект сè е подготвено за непречено одвивање на гласањето.

    Клучна промена: Победува оној со повеќе гласови, без праг на излезност

    Главната разлика помеѓу гласањето во недела и она во октомври е законскиот услов за излезност. Изборите се повторуваат токму затоа што на 19 октомври 2025 година не беше исполнет условот на гласање да излезат најмалку една третина (33,33%) од запишаните избирачи.

    Согласно членовите 132, 132-а и 133 од Изборниот законик, на повторените избори не е потребен цензус. За да биде избран градоначалник, потребно е еден од кандидатите да добие повеќе од половината од гласовите на излезените избирачи. Ова правило важи и за Центар Жупа, каде што има само еден кандидат – тој ќе биде избран доколку за него гласаат мнозинството од оние што ќе излезат на гласање.

    Потсетување за излезноста во октомври која доведе до повторување на изборите:

    • Гостивар: 33,31% (недостасуваа мал број гласови)
    • Маврово и Ростуше: 30,31%
    • Врапчиште: 25,18%
    • Центар Жупа: 21,49%

    Кој влегува во трката за градоначалник?

    Граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу следните кандидати:

    • Гостивар: Битката ќе се води помеѓу Невзат Бејта (Коалиција Вреди) и независниот кандидат Ваљбон Лимани, поддржан од НАИ.
    • Маврово и Ростуше: Кандидати се Онер Јакупоски (Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ) и Анес Ахмети (СДСМ).
    • Врапчиште: Изборот е помеѓу Исен Шабани (НАИ) и Зуљхајрат Демири (поддржан од Група избирачи).
    • Центар Жупа: Единствен кандидат е Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците (ДПТ).

    Гласачките ливчиња се печатат, болните гласаат в сабота

    Според информациите од ДИК, печатењето на гласачките ливчиња е во завршна фаза. Утре, заедно со уредите за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ), доверливиот изборен материјал ќе биде дистрибуиран до Општинските изборни комисии (ОИК), од каде што ќе го преземат Избирачките одбори.

    Гласањето започнува ден порано, во сабота, кога своето право на глас ќе го остварат болните и изнемоштените лица пријавени во ОИК, како и лицата кои се наоѓаат во затвор или притвор.

    Бројки и статистика: Колку гласачи има во избирачкиот список?

    Избирачкиот список е веќе заклучен, а состојбата по општини е следна:

    • ГОСТИВАР: Вкупно запишани 82.870 гласачи.
      • Постојани жители во општината: 78.185
      • Лица во странство (посебен список): 4.604
      • Лица во затвор/притвор: 81
    • ВРАПЧИШТЕ: Вкупно запишани 27.279 гласачи.
      • Постојани жители во општината: 26.318
      • Лица во странство: 950
      • Лица во затвор/притвор: 11
    • МАВРОВО И РОСТУШЕ: Вкупно запишани 10.575 гласачи.
      • Постојани жители во општината: 9.622
      • Лица во странство: 951
      • Лица во затвор/притвор: 2
    • ЦЕНТАР ЖУПА: Вкупно запишани 7.562 гласачи.
      • Постојани жители во општината: 6.305
      • Лица во странство: 1.257

    Слаб интерес за набљудување

    За разлика од редовните избори, интересот за набљудување на овој изборен циклус е непостоечки. Од ДИК информираат дека до денеска нема пријавено ниту еден домашен или странски набљудувач. Што се однесува до медиумското покривање, во Регистарот за платено политичко рекламирање се пријавени 32 интернет портали, 13 телевизии (регионални и национални) и 5 радиостаници.

    Последна задача за овој состав на ДИК Овие избори претставуваат и последен ангажман за актуелниот состав на Државната изборна комисија. Нивниот мандат официјално завршува на 15 јануари, односно ќе трае до изборот на новите членови на највисокото изборно тело во државата.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција

    04.03.2026 во 14:41

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.