Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

    Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

    08.01.2026 во 09:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија.

    „Генерално луѓето во правосудството се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран, и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, коишто се рецидив на поранешната влада на СДСМ и ДУИ и коишто жестоко се борат за тие коишто ги поддржале да добијат некаква бенефиција, позиција итн“, вели Мицкоски. 

    Според него, постојат два клучни моменти кои што влијаеле на распадот на правдата, од кои  првиот е изборот на судиите во парламентот, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, а вториот е измените во Кривичниот законик што ги донесе владата на СДС и ДУИ.

    „Првото е оној избор на судии во парламентот, кога се бираа судиите во парламентот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, мислам дека беше во 1996 година. И второто е сега, кога владата на СДСМ и ДУИ пред одење практично ги донесе измените во Кривичниот законик и кога избриша еден добар дел од членот 353 тој фамозен член 353, поради две причини“, рече Мицкоски и додаде:

    „Првата е за да се амнестираат себе си и втората причина е, на тој начин мислеа дека ќе амнестираат некого, којшто ќе може во тоа време да нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Успеаја во првиот дел од својата намера, во вториот дел не успеаја. ВМРО-ДПМНЕ денеска е поголема од сите политички партии заедно“.

    Мицкоски истакна дека сите оние од претходната влада на СДС и ДУИ, секогаш ќе се повикуваат на поповолниот закон.

    „Тие секогаш ќе се повикуваат на поповолниот за нив закон,а за нив поповолен закон е овој моменталниот сега, кога е избришан членот 353 став 5 кога други делови од Кривичниот законик се избришани. Секогаш ќе се повикуваат на тоа, без разлика ние од сега натаму каков закон ќе донесеме, и од сега натаму какви измени ќе направиме. Сите оние од претходната влада кога ќе дојдат на судско рочиште ќе речат се повикувам јас на законот кој што беше од тогаш до тогаш, бидејќи тоа е во тоа време. И тука е најголемиот проблем“, посочи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    24.10.2026 во 11:25

    Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот

    24.10.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.