Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драматична ноќ во западна Македонија: Евакуирани 60 лица во Кичево, Вардар се излеа кај Гостивар, свлечишта го блокираат патот кон Стража

    Драматична ноќ во западна Македонија: Евакуирани 60 лица во Кичево, Вардар се излеа кај Гостивар, свлечишта го блокираат патот кон Стража

    08.01.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со детален извештај за штетите предизвикани од обилните врнежи што ја зафатија државата во изминатите 24 часа. Заклучно со синоќа во 21:00 часот, состојбата е најкритична во западниот и југозападниот регион, каде се регистрирани излевања на реки, поплавени домови, земјоделско земјиште и сериозни проблеми во сообраќајот.

    Кичево најпогодено: Евакуирани 60 жители Најдраматично било во Кичево, каде надлежните служби морале итно да интервенираат. Евакуирани се вкупно 60 лица од нивните домови на улицата „Прилепска“, откако водата навлегла во станбените објекти.

    Гостивар и Тетово: Вардар се излеа, одрони на патиштата Во гостиварскиот регион, кај Балин Дол, реката Вардар се излеа од своето корито, поплавувајќи 10 земјоделски парцели и неколку дворови. Дополнителен проблем направило паднато дрво во коритото на Вардар кај село Форино, што создало ризик од поголема поплава, но екипите интервенирале. Поради надојдените води, намалено е и производството на ХЕЦ Маврово. Во Тетовско, излеаните реки Лакавичка и Сушичка направија штети врз земјоделското земјиште кај селата Мало Турчане и Горно Бањице. Од ЦУК напоменуваат дека Општината немала соодветна механизација за справување со ситуацијата. Сообраќајот е отежнат поради одрони на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче (кај месноста Цртан ѕид).

    Југозапад и Пелагонија: Поплавени фарми и подруми Во Битолско, критично е кај селото Лера каде има поплава кај мостот со опасност да се прошири кон селото, а во село Породин настрадала живинарска фарма. Во Охрид и Ресен, водата навлегла во подруми, гаражи и дворови (селата Перово, Дремени, Долна Бела Црква), а интервенирале јавните претпријатија. Одрони се чистеле и на патот Охрид – Пештани и Струга – Дебар.

    Следи снег и заладување Од ЦУК и УХМР предупредуваат дека опасноста не е помината. Под влијание на циклонска активност и продор на студен воздух, дождот денеска ќе премине во снег на планините и некои пониски места. „Во деновите од викендот, особено во сабота, повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег кои наместа ќе бидат пообилни“, најавуваат метеоролозите. Граѓаните се повикуваат сите итни случаи да ги пријавуваат на бројот 112.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.