Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата.
Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа. Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.
- Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
- Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
- 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
- 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
- Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
- Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
- Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
- 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција

