Close Menu
Press24
    Најново

    Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти

    01.11.2026 во 22:25

    ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница

    01.11.2026 во 22:21

    Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец

    01.11.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
    • ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
    • Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
    • ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
    • Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
    • МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
    • ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
    • Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Идентификувани сите загинати во пожарот во Швајцарија: Половина од жртвите се малолетници

    Идентификувани сите загинати во пожарот во Швајцарија: Половина од жртвите се малолетници

    05.01.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Швајцарските власти ја завршија идентификацијата на сите 40 жртви кои настрадаа во катастрофалниот пожар во барот „Констеласион“ на новогодишната ноќ. Како што соопшти полицијата на кантонот Вале, меѓу загинатите има 20 малолетници.

    Според официјалните податоци, меѓу жртвите има 21 државјанин на Швајцарија и 19 странци на возраст од 14 до 39 години. Меѓу нив е потврден и еден Србин со двојно државјанство.

    „Меѓу странците има осум Французи, меѓу кои и 15-годишно девојче со француско-израелско-британско државјанство, шест Италијанци, една Белгијка, една Португалка, еден Романец, еден Турчин и еден Србин со двојно швајцарско-српско државјанство“, пренесува швајцарскиот весник „Темп“.

    Во моментот остануваат да се идентификуваат уште шест лица меѓу 119-те повредени. Поради сериозноста на состојбата, 35 пациенти со тешки изгореници се префрлени на лекување во специјализирани болници во Франција, Белгија, Германија и Италија.

    Прочитај повеќе

    БИА наводно ги следела обвинителите што го истражуваа падот на настрешницата во Нови Сад

    01.11.2026 во 15:04

    Турција забрани пристап на деца под 15 години до социјалните мрежи

    01.11.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.