Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Не го познавам лично Савевски

    11.03.2026 во 15:24

    Семејните насилства продолжуваат: Приведени пет насилници – тепале жени, деца, родители

    11.03.2026 во 15:19

    Крвава ноќ во Скопје: Нападнати медицински лица во Центар и Карпош, избодени и претепани лица во Аеродром и Семениште

    11.03.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Не го познавам лично Савевски
    • Семејните насилства продолжуваат: Приведени пет насилници – тепале жени, деца, родители
    • Крвава ноќ во Скопје: Нападнати медицински лица во Центар и Карпош, избодени и претепани лица во Аеродром и Семениште
    • Грозоморен чин: Малолетник со родителите отишол во штипска бања, Грк го демнел до тушевите и го нападнал
    • Хаос во Апелација: Со 16 одложени рочишта судија дозволил предмет да застари
    • Мицкоски денеска на средба со трговците и претставници на маркетите – нема ценовен шок, состојбата во државата е апсолутно нормална
    • ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот
    • Случај „Онкологија“: Вештак открива хаос – за 50 пациенти воопшто нема медицинска документација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Детали за смртта на двегодишното дете

    Детали за смртта на двегодишното дете

    02.01.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Утрово во 01:58 часот, на Клиниката за неврохирургија во Скопје, згасна животот на двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во скопската населба Гази Баба. И покрај натчовечките напори на лекарите кои се бореа за неговиот живот повеќе од 24 часа, повредите на мозокот се покажаа како фатални.

    Од Клиниката за МИА потврдија дека смртта настапила како резултат на „многу тешки повреди на мозокот предизвикани од метално страно тело“. Лекарите се воздржани од прецизирање за каков точно предмет станува збор, оставајќи ги деталите за судско-медицинските вештачења.

    Кобниот момент: Излегле да гледаат огномет Според полицискиот билтен, трагедијата се случила непосредно пред полноќ на 31 декември 2025 година. Мајката на детето, 21-годишната Г.Д., во својот исказ пред полицијата објаснила дека излегла во дворот од куќата во Гази Баба заедно со детето за да го гледаат новогодишниот огномет. Во еден момент, таа слушнала чуден звук, по што веднаш забележала крв на главата на своето дете. Детето итно било пренесено во Клиничкиот центар во животозагрозувачка состојба.

    Истрагата е во тек: Се проверуваат повеќе теории Министерството за внатрешни работи (МВР) изврши службен разговор со двајцата родители, мајката Г.Д. (21) и таткото М.А. (26). По наредба на јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, која треба да даде прецизен одговор што точно го погодило детето – дали се работи за залутано зрно од огнено оружје, шрапнел од пиротехничко средство или друг метален предмет.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој уште вчера го окарактеризира случајот како еден од двата сериозни инциденти за Нова година, изјави дека станува збор за „метален фрагмент кој во првиот момент не можел детално да се специфицира“. „Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините, ќе ја информираме јавноста“, рече Тошковски.

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    Пекол на Блискиот Исток: Иран со масовен удар врз Израел и Заливот – нападната и американската флота

    11.03.2026 во 09:47

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето

    11.03.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.