Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра

    15.03.2026 во 12:52

    Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје

    15.03.2026 во 12:44

    Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците

    15.03.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје
    • Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците
    • СДСМ бара итни мерки за горивата: Дизелот ги чинеше граѓаните 3 милиони евра за една недела
    • САША БОДАНОВИЌ: Луѓе избркани од матичните партии се упикаа во СДСМ
    • Млада девојка паднала од балкон во Тетово, итно однесена во Скопје
    • Државата и бизнисот се здружуваат против сивата економија
    • Паднаа глобалните берзи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба

    Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба

    01.01.2026 во 14:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Наместо со славје, преминот од старата во новата година за дел од граѓаните во Скопје поминал во знакот на насилство, агресија и инциденти. Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше за бурна ноќ на скопските улици, каде полицијата морала да интервенира во повеќе наврати поради физички пресметки, нарушување на јавниот ред и мир, па дури и пожар.

    Малолетници претепале девојче во Влае Серијата пријави започнала со случај на врсничко насилство. На 31 декември, 42-годишна жена од село Волково пријавила дека нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната во парк во населбата Влае. Нападот го извршиле двајца малолетници кои девојчето ги познавало.

    Нервоза во Центар и Аеродром: Тепачки за паркинг и во гаражи Попладневните часови пред дочекот донеле зголемена нервоза. Во 17:10 часот, полицијата го привела С.Т. (42) од Радовиш, кој агресивно се однесувал кон три лица во Аеродром. Само половина час подоцна, во 17:45 часот, избила тепачка во катна гаража во строгиот центар на Скопје. Во пресметката учествувале четири лица, од кои еден е државјанин на Германија.

    Тензиите продолжиле и во 19:30 часот, кога банална расправија за паркинг-место во Центар прераснала во тепачка меѓу тројца скопјани, кои веднаш биле приведени. Еден час подоцна, регистриран е и напад меѓу две женски лица пред угостителски објект во централното подрачје.

    Напад врз полиција по журката во „Борис Трајковски“ Инцидентите не престанале ниту во раните утрински часови на 2026 година. По завршувањето на големата забава во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во 04:15 часот утринава, приведен е 34-годишниот Д.М. од Валандово. Тој, наместо да си замине, се однесувал агресивно и ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија на местото.

    Изгоре штала во Гази Баба Покрај тепачките, скопските пожарникари имале работа и со оган. Во 22:20 часот, додека градот се подготвувал за одбројување, во населбата Гази Баба избувнал пожар во штала, сопственост на 41-годишен скопјанец. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил брзо локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

    Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на сите наведени случаи, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    САША БОДАНОВИЌ: Луѓе избркани од матичните партии се упикаа во СДСМ

    15.03.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.